Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9°C до 16°C, а максималната од 26°C до 35°C.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време, но со замаглување.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево време со замаглување и слаб до умерен ветер, но овој пат од северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 30 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време, но повторно со замаглување.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 33 степени целзиусови.
Недела носи уште потопло време, повторно сончево со замаглување. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски