Ако сфатите дека некој е подготвен да се кара со вас, тогаш не е лошо да бидете подготвени паметно да одговорите.
Зодијакот е тука да ви ги открие сите предности и маани на хороскопските знаци кога во прашање се расправиите.
Дамите родени во овие три хороскопски знаци се вистинска „експлозија“ во кревет
ОВЕН
Како претставник на пламени знаци, Овен има многу краток фитиљ. Во состојба е да се разлути и за најмала ситница, а секаква увреда го доживува како напад врз сопственото его. Владетелот Марс го прави нетрпелив и агресивен. Меѓутоа, ако бргу се налути уште побргу простува. Неговите напади на гнев се бурни. Овенот поцрвенува, збеснува, вика, но во следниот момент сето тоа го заборава и се претвора во вистиско кротко јагне.
БИК
Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му скока по главата, но тоа и не е така. Вистината е дека никој нема такви нерви како што ги има Бикот, но кога еднаш ќе се изнервира, не е нималку пријатно да се биде во негова близина. Кога „фитиљот ќе изгори до крајот“, се претвора во нешто како вулканска ерупција. Поради тоа на сите им се советува да не го прекорачуваат прагот на толеранцијата кај овој знак, а ако тоа го направат, да бегаат што подалеку.
Дамите родени во овие три хороскопски знаци се вистинска „експлозија“ во кревет
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се исклучителни интелигентни и хиперактивни. Немаат изливи на гнев и паника, но ако се изнервирани, ќе возвратат на противникот бирајќи вистински зборови во желба да го надмудрат, така што претходно ќе ја процени ситуацијата за да биде сигурен дека караницата нема да наштети на неговиот интерес. Бргу ќе се одлути, затоа што се води по логика и здрав разум и не прави проблеми само од корист. Својата нервоза ја лекува со слушање гласна музика.
РАК
Ракот воопшто не ги троши своите нерви на другите и ништо не може во него да предизвика паника. Тој се грижи и размислува зошто се изнервирал што била причината за тоа, но ретко има изливи на бес. Собира во себе, а се лекува со одење во кафеана или теретана. Никогаш не реагира избрзано, но ќе ја искористи секоја можност на противникот да му приговара за тоа што тој поради него морал да преживува. Ваквото задржување на гневот кај Ракот може да предизвика различни психосоматски проблеми.
Дамите родени во овие три хороскопски знаци се вистинска „експлозија“ во кревет