15.04.2018 21:58

РОДЕНИ ДА БИДАТ ГЛАВНИ: Двата најуспешни хороскопски знаци


Тие се родени лидери, авторитети, а покрај тоа се и многу способни па знаат како од луѓето да го извлечат максимумот.

И тие имаат по некоја маана, но на патот до успехот не им пречат па лицата родени во овие два хороскопски знаци обично се многу познати и успешни.

Овен

Најизразената црта на лидер и вроден авторитет ја поседува Овенот.

 

 

Тој го поседива и сето ова: храброст, одлучност, ентузијазам, самодоверба, одважност, динамичност, почит, чест, дисциплина, склоност кон хероизам. Извонредни квалитети за еден владетел, зар не? Ужива во предизвиците и храбро се пробива низ сите животни бури.

Не сака никого и ништо не чека. Бестрашен, вреден, а често и настроен за карање. Тешко му паѓа било какво одложување или спорост затоа што е динамичен, нестрплив и импулзивен. Оној кој сака да му нагоди и привлече внимание, треба само да го исполни она што му го ветувал претходно и тоа што побрзо.

 

 

Предиспозициите му се фантастични за еден супершеф, но проблемот често е во неговата тврдоглавост, промени на расположение и разразнетост. Припадниците на овој знак многу се јасни во своите барања, а иако се смета дека даваат најдобро од себе, со своите непромислени изјави лесно можат да понижат и навредат.

За оние кои им се слични се одлични шефови, но за нешто повлечените работници се вистински кошмар.

Јарец – ништо без него!

Поради својата доминантна природа, Јарецот е роден за позицијата шеф. Ова се неговите адути: одговорност, дисциплина, самоконтрола, сериозност, амбициозност, истрајност, силна волја, мудрост, верност, издржливост, штедливост, методичност и точност.

Јарците природно сакаат работа, ред и дисциплина, па уживаат во обучување на своите вработени. Немаат страв од губење на позицијата, затоа штос е уверени дека се незаменливи, што дури е можно поради нивната природа постојано да работат.

 

 

Јарецот фантастично реагира на притисок, за него сресот едноставно не постои – ако треба истовремени да координира десет работи, тој е тука вистински мајстор затоа што во такви ситуации реагира подобро отоколку во нормалните.

Добра страна им е тоа што се способни да го извлечат најдоброто од луѓето, како и да се изборат за подобри плати за сите, а маните им се тврдоглавноста, нечувствителноста и убеденоста дека се знаат сами најдобро.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments