Каква е излезноста во Старо Нагоричане и Липково од 13 часот?

Сподели со своите пријатели

Во Старо Нагоричане со пресекот во 13 часот излезноста изнесува 20,75 отсто, односно правото на глас го оствариле 607 лица, покажуваат обработените податоци од Државната изборна комисија.

Loading...

Значително пониска излезност од изборите во 2016 година, кога правото на глас до 13 часот го оствариле 32,61 отсто од граѓаните.

Во оваа општина денеска можат да гласаат вкупно 2.926 лица, на 31 избирачко место.

Липково до 13 часот бележи најмала излезност од регионот. Правото на глас го оствариле 17,01% од граѓаните или гласале вкупно 2.682 лица.

Минимално помала излезност во споредба со изборниот циклус од 2016 година, кога гласале 19,79 отсто од гласачите.

Во оваа општина денеска можат да гласаат 25.666 лица на 36 избирачки места.

Leave a Reply