Како во три чекори да се ослободите од стресот?

Сподели со своите пријатели

Брзање, доцнење, целодневно трчање… така обично денес изгледа животот на модерниот човек. А против стресот, најчестата „болес на современото време“ секој се бори на свој начин. 

Која крвна група најдобро го поднесува стресот?

Loading...

Популарниот зен блогер Лео Бабаут ги советува сите оние на кои поголемиот дел од деновите во неделат аим изгледа вака, пред се да го променат начинот на своето размислување.

Посветете се на една работа!

Не привајаќте повеќе работи истовремено, туку работете ги една по една и на секоја посветете се. Листата на обврски нема крај, туку само се дополнува. Затоа одложете ја следната, а онаа на кој моментално работите посветете и максимално внимание, нека таа стане целиот ваш универзум.

Како стресот влијае на нашиот мозок (видео)

Престанете со идеализација

Стравот од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, дека ќе бидеме оставени. Страв, страв, страв… А стравот предизвикува стрес. Во главата имаме слика на успешен и најсовршен себе, а кога сфатиме дека тоа е невозможно, тогаш сме повредени. Наместо да си нанесуваме болка, треба да ја прифатиме неизвесноста и за промена да веруваме дека се ќе биде добро.

Стресот на работа е најголемиот предизвикувач на мозочни удари

Прифатете ја околината со насмевка

Кога другите не се однесуваат онака како мислиме дека би требало се вознемируваме. Наместо на тоа да гледаме како на нешто вознемирувачко, да се обидеме да ја прифатиме околината онаква каква што е. Затоа што така во неа ќе препознаеме дел од себе, во потрагата по среќата, во борба за среќа. Бидејќи, другите се однесуваат како и ние – онака како мислат дека треба, го прават она што најдобро го знаат. Затоа прифатете ги другите од срце и уживајте во времето поминато со нив.