Стресот на работа е најголемиот предизвикувач на мозочни удари

Сподели со своите пријатели

Личностите изложени на стрес на работно место имаат поголем ризик за мозочен удар, објавуваат кинеските научници.

Loading...

Најголем ризик имаат оние личности кои имаат тешки работни позиции, а ниска контрола над својата работа, пишува списанието Neurology.

Податоците се собирани за потребите на шест претходни студии во кои учествувале околу 140 илјади испитаници кои биле следени во период од 17 години. За време на целиот процес се покажало дека оние кои што се постојано изложени на стрес на своето работно место имаат 22% поголеми шанси за ризик од мозочен удар, додека кај женските испитаници се испоставило дека шансите се дури и поголеми и изнесуваат 33%.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.