Како топлината влијае на нашето тело и што да правиме ако се „прегрееме“?

Сподели со своите пријатели

Македонија во моментов е во силен топлотен бран. Температурите на воздухот деновиве ќе се искачуваат над 40°C, а во комбинација со бетон, асфалт или камен може да бидат многу повисоки.

Loading...

Иако лекарите од година во година повторуваат дека во најтоплиот дел од денот треба да избегнувате да бидете на сонце и да пиете многу течности, постојат професии кои не можат да си го дозволат тоа.

Како точно топлината влијае на нашето тело?

Човечкото тело може само да толерира одредена температура и влажност во воздухот пред органите, а потоа и целиот систем, да почнат да откажуваат.

Имено, телото е изградено да ја одржува сопствената температура од околу 37°C.

Но, како што телото се загрева, крвните садови се шират, крвниот притисок опаѓа и срцето чука посилно за да ја движи крвта низ телото.

Веќе во тој момент може да се забележат симптоми како што се осип, оток на рацете или стапалата и интензивно потење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обичната вода како лек. Еве за што помага!

Иако потењето е нормална физиолошка функција која треба да го олесни ладењето на телото, интензивното потење доведува до губење на течности и сол, но влијае и на рамнотежата меѓу нив во телото.

Сето ова заедно може да доведе до топлотна исцрпеност, која се манифестира преку вртоглавица, гадење, несвестица, конфузија, грчеви во мускулите, главоболка, силно потење и замор.

Loading...

Ако притисокот падне премногу, се зголемува ризикот од срцев удар.

Што може да се направи за да се ублажат негативните ефекти од топлината?

Најпрво – избегнувајте да престојувате надвор во најтоплиот дел од денот.

Ако сте во затворен простор, обидете се да го одржувате колку што е можно ладно. Затворете ги прозорците, спуштете ги ролетните (ако ги имате), наместете ги завесите на прозорците и вклучете ја климата или вентилаторот (ако ги имате).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како може да препознаете ГМО храна?

Пијте многу течности, особено вода, бистри супи или природни сокови. Избегнувајте алкохол и пијалоци со многу шеќер.

Не оставајте никого во автомобилот – ниту бебиња, мали деца, животни, ниту постари лица. Температурата во автомобилот може многу брзо да се искачи на опасни нивоа и да го загрози животот на една личност.

Ако морате да бидете надвор во најтоплиот дел од денот, заштитете ја кожата од директно изложување на сонце. Лесната облека со долги ракави и панталони ќе ви помогне да не се прегреете. Заштитете ја изложената кожа со крема за сончање со високо ниво на заштитен фактор.

Јадете полесна храна како салати, разладени супи, лесни чорби и слично, а избегнувајте тешка и мрсна храна.

Грижете се за старите, болните и изнемоштените. Постарите луѓе често имаат потешкотии со чувството на студ и топлина, а не е невообичаено да заборават да пијат доволно течности во текот на денот. Затоа е важно неколку пати на ден да ја проверувате нивната состојба, да им нудите вода или сок (која не мора да биде ладна, туку собна температура) и да ги потсетувате да не излегуваат на жешко.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да препознаете дека имате недостаток на витамини во организмот?

Што ако некој добие топлотен удар?

Прво, отстранете го лицето од сонцето и топлината. Преместете го во поладна област.

Поставете ги на подот и кренете ги нозете.

Доколку се свесни, понудете им вода или спортски пијалак.

Изладете ги со ладни пакувања или измијте ги со ладна вода.

Измерете ја температурата. Ако лицето не почне да се чувствува подобро во рок од 30 минути, јавете се на 112 бидејќи се зголемува ризикот од топлотен удар.

Доколку забележите дека лицето станува се пожешко и повеќе не се поти, губи свест или има напад, задолжително повикајте брза помош.