30.04.2019 12:47

Како се одблежувал Први мај во Куманово пред скоро 100 години?


Повеќе знајачјни датуми ја одбележуваат историјата на Куманово. Повеќе датуми се втемелиле во растежот на градот кој одсекогаш отворено се спротивставувал на сите насилства. Се враќаме во годините пред војната. Ги прелистуваме страниците на историјата на Куманово. Овој пат не интересира прославата на Први мај.

Се враќаме некаде во 1909 година. Тогаш во градот започнале да никнуваат првите калдрми. Таа година на Први мај низ градот во чест на празникот на трудот минале долга поворка луѓе. Се одржале и првите говори. Се зборувало за значењето на празникот, се зборувало за значењето на празникот, се зборувало на македонски (локалниот кумановски), турски и српски.

loading...

И во 1920 година Први мај бил многу богато одбележан. Се одело низ улиците со високо кренато знаме.

Се задржуваме на 1926 година. Таа година, првомајското утро растрчано низ улиците на градот било свекод на повеќе манифестации. Уште рано изутрина во убаво искитениот град било изнесено масиче со црвени ленти. По улиците минувачите биле закитувани од група младинки со црвени ленти на кои било испишано „Да живее Први мај“.

Овие акции биле организирани од раководството на месниот синдикален совет, но инцијативата потекнала од партиското раководство. Најактивни во овие акции биле младите скоевци кои смело истапувале низ градот и биле вистински организатори на она што се случувало тој ден.

Комунистите и скоевците тоа утро на Први мај носеле црвени вратоврски кои на сите им паѓале в очи.

Тој ден требало да се одржи предавање во кафеаната „Единсон“ (кај денешно кино „Козјак“), но полицијат акоја будно ги следела овие акции не дозволила да се одржи планираното предавање. Исто така театарската група при КУД „Абрашевиќ“ подготвила пиеса „Другари“ која требало да биде изведена пред граѓанството. Оваа пиеса ја подтовувала жената на професорот Мијалковиќ, Љубица.

Ви изведбата учествувале напредни мадинци кои уживале со еден интензивен културно-забавен живот секако и политички.

loading...

Тој ден пред кафеаната „Единсон“ било истакнато црвено знаме. На стапот исто така стоел срп и чекан. Се зборува дека кога пред знамето минувале две чети војска командирот што јавал на коњ командувал поздрав кон знамето. И знамето било војнички поздравено.

Во Куманово Први мај во 1926 година бил вистински прзник. Во градот билос вечено расположение и се гледале повеќе групи како шетаат низ улиците.

Прославата на Први мај во Куманово и останатите години на некој начин била одбележувана од граѓаните, секогаш иницијатори на тие прослави биле комунистите и скоевците. Тие биле предводници на акциите.

Така 1934, 1935 и другите години напредните младинци изведувале екскурзии, бидејќи полицијата не дозволувала да се одбележува празникот на работниот човек. На излетите организирани на Студена Вода, Режановски врби, Кумановска бања и други места, секогша се изведувале и програми. На тие излети можеле да се видат скечеви да се слушаат стиховите на Чедомир Миндеровиќ и други. Потоа се пееле песни од кои повеќе биле пеени со револуционерен дух како „Билеќанка“, „Буди се исток и запад“, песната за Ѓуро Ѓаковиќ, „Живео Први мај“ и други.

loading...

Има и други датуми што останале забележани, што останале како сведоштво за прославата на празникот на човекот и неговите права.

Ова е само исечок што дава неколку слики од таа незаборавна историја за кумановскиот крај.

Извор: „Наш весник“ бр. 85 (четрток, 29 април 1965 година)
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгивски“ – Куманово за дитигализација на „Наш весник“


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments