Како против насилниот екстремизам и тероризам? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Насилниот екстремизам и радикалното однесување денеска во Куманово беа тема на разговор на трибина меѓу претставници на повеќе градови дел од проектот Strong Cities.

Loading...

Домаќин на настанот е Општина Куманово, а учество зедоа повеќе говорници меѓу кои и градоначалниците на Куманово Максим Димитриевски и Гостивар Арбен Таравари.

 

 

Димитриевски вели дека мора да се засилат капацитетите, особено по неодаменишнио случај во соседна Србија, со цел целосна превенција на појава на насилно однесување.

– Евидентно е дека постои булинг во училиштата. Ќе мора истиот да се превенира, а за сето тоа е потребно многу повисоко ниво на интероперабилност и взаемна соработка на институциите на локланите и централните власти. Еден од главните заклучоци се тие суштински и системски пропусти и секако финансирањето на единиците на локалните самоуправи за да може да ги изгради дополнителните капацитети за да може професионалци да се занимаваат со овие теми и да делуваат на терен, рече кумановскиот градоначалник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

Loading...

 

Според гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, основен и главен проблем е системот.

– Во Македонија имаме дезинтегриран систем на функционирање на дражвата. Скоро 6 години бев опозициски градоначалник и знам како е да се биде. Имате локална власт и централна кои ако се од различни партии, имаат целосна декоординација, никакви координирани активности. Дури шеф на полиција станува тој кој е најголем противник на градоначаталникот. Тендецнијата е ерозија на локалните авторитети, кои се избираат од граѓаните, вели Таравари.

 

 

Според Таравари градѓаните веќе немаат доверба во институциите и се јавуваат такви штети и феномени.

Loading...

Единствен начин за решение на таквите проблеми, вели, е да се размислува заеднички како да се ресетира системот кој некогаш функционирал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

– Тогаш имаше месни заедници кои функционираа, па потоа градоначалнинкот кој беше авторитет и централната власт која беше скоро непозната за обичниот граѓанин. Инсистирав неопходно ни е што побргу да го децентрализираме општеството, порача тој.

 

 

Според националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостоловски, мора да бидеме отворено општество во кое за сите проблеми поврзнаи со насилство, екстремизам и тероризам ќе се говори јавно.

– Дали ние направивме се што можеме да направиме, одговорот е не. Можеби повеќе треба да се свртиме кон проблемот а да заборавиме на одредени поделби. Сега сме за жал поделено општество по политички, етнички основи, религии, мора да најдеме заеднички содржател. Нешто што ќе не обедини сите, некоја вредност. Кога отворено ќе ги зборувамеовие теми мислам дека ќе можеме да тргнеме чекор напред, порача Апостоловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

Loading...

 

На денешниот регионален хаб, чиј модератор е Милош Богичевиќ, раководител на Мрежата на силни градови, дебатираат и Иван Митровски, заменик градоначалник на општина Кисела Вода, Бесар Дурмиши, претседател на Совет на Општина Тетово.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски