Какво ќе биде Куманово по две до три децении е прашање кое ги интересирално граѓаните во шеесетите години.
Урбанистичкиот план на Куманово, се состоел од три фази. Во првата фаза биле направени сите можни студии и анализи кои претставуваат насоки за остварување на другите две фази – изработка на основен урбанистички план и детален урбанистички план.
Според урбанистичкиот план до 1990 градот било предвидено да се распрострира на двојно поголема површина од почетокот на 70-те години на минатиот век. Од тогашните близу 700 хектари, градот било планирано да се прошири на 1.374,8 хектари. Во сето тоа биле предвидени 11 станбени заедници, 300 пати поголеми површини под зеленило, концентрација на сервиси од сите видови, трговски и занаетчиски центар итн.
Во 1968 година Куманово имало 106 милионери
Најголемите комплекси биле предвидени за Кисела Вода, Спомен Костурница и паркот.
Околу 80 отсто од сообраќајниците требало да се прошират и адаптираат на современите потреби. Најголем потег на тој план било поврзувањето на автопатот „Братство – единство“ со Софија.
Сите станбени единици требало да бидат испресечени со патишта, поточно улици ќе се слеваат со патишта од втор ред со кои ќе бидат оградени сите станбени единици. Тие требало да претставуваат прилив кон најглавните сообраќајници. Се одело кон тоа улиците да се исправаат и осовременуваат прилагодувајќи се на потребите.
Според деталниот план за центарот се предвидувало современ град. Плочките околку спомениците да бидат отстранети, а наместо нив да биде подигнато зеленило во кое ќе се вклопат самите споменици.
Што му посакувале кумановци на градот пред половина век?
Возилата во строгиот центар на градот требало да немаат приспат, затоа што сообраќајниците оделе околу центарот. Во центарот на градот требало да бидат подигнати повеќе кули, хотел, нов театар, концертни и кино сали, а да се зголеми површината на стоковната куќа и продавниците за послужување.
Занаетчискиот центар требало да се наоѓа во близина на центарот – некогашното „Опинчарско сокаче“.
Во просек градот требало да биде на „четири ката“, што значи дека требало да доминираат згради од таа височина.
Според текст на Мира Стефановска, „Наш весник“, 01.04.1969 година