Малкумина мислат дека можат да погрешат кога приготвуваат турско кафе. Сепак, постојат грешки што често се прават и го убиваат вистинскиот вкус на многумина омилениот пијалак.
Постојат многу совети за тоа како да се избере кафето внимателно, дека е подобро да се меле само пред готвењето, но потрошувачите обично не се во можност да избираат премногу: најчесто се купува мелено кафе од овој или оној производител.
6 симптоми со кои телото ви кажува дека претерувате со кафето
Сепак, дури и во оваа ситуација, можете да направите што е можно повеќе за да го направите вкусот на кафето што е можно поквалитетен.
Една од главните работи е дека за турско кафе, водата никогаш не треба да врие на почетокот. Во ѓезвето, водата се загрева до вриење и се отстранува од огнот.
Дел од водата се истура во шолјата и кафето се додава во остатокот.
8 идеи како да ја искористите правилно и целосно секоја шолја кафе
„Златната мерка“ на кафе што треба да ја додадете во водата на температурата помеѓу 85 и 96 степени е една до две лажички по шолја.
Измешајте за да во смесата нема грутки, па вратете го на оган и кога ќе стигне до работ на ѓезвето, повторно тргнете го од оган и додадете ја водата што ја оставивте на почетокот.
Повторно вратете на ринглата и оставете да зоврие. Тргнете го од огинот, почекајте неколку секунди и додадете лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за сервирање.
7 причини зошто треба консумирате кафе
Основни грешки при приготвување кафе:
* Додавање кафе додека водата е премногу ладна или врела.
* Премногу мешање го убива вкусот.
* Оставањето неколку пати да се искачи на врвот на ѓезвето, ја уништува пената и го менува вкусот на кафето.
* Мешањето откако ќе се свари кафето, зовриена и тргната од шпоретот, исто така, ќе го смени вкусот на пијалакот.
Зошто некои луѓе не (сакаат) кафе?
* Ако кафето се засладува, најдобро е да додадете шеќер додека водата е ладна во ѓезвето, пред да го сварите кафето.
Босанскиот начин на подготвување кафе е следен: кафето се става во ѓезве, додека во друг сад водата се загрева. Кога ќе зоврие, ѓезвето со кафе се става на врела рингла за малку да се загрее, потоа се прелива со врела вода, се промешува и се вари додека не почне да се крева пената.