Како настанало селото Кокино и како го добило своето име?

Сподели со своите пријатели

Тежок бил турскиот данок, особено за чувањето свињи. Затоа населението од селата на Козјачијата честопати било принудено да ги сокрива од даночниците.

Loading...

Но, Турците насекаде пребарувале во близина на селата, па селаните биле принудени да ги кријат свињите многу далеку од куќите, а даночниците доаѓале одненадеж или пак подолго време се задржувале на еден реон, па во местата каде што ги криеле свињите, селаните морале да изградат и кочини.

Прочитајте ја легендата за селата Старо и Младо Нагоричане

И бидејќи во тоа време, денешното село Кокино воопшто не било населено, а местоположбата била погодна за таква цел, луѓето од околните села го одбрале токму тоа место и изградиле кочини по бреговите.

Бројот на кочините постојано се наголемувал, па целото место го нарекле Кочино.

По извесно време, во Кочино, кај маалата Ресавци, се населила некоја жена од Ресава, а по селата лутал некој Ром – мечкар што продавал вретена, па кога дошол тука, ја бутнал мечката во една празна кочина и тука останал да преноќи.

Ранковце, Љубинци, Гиновце и Петралица – како овие села ги добиле имињата?

 

Loading...

 

Како се формирало селото и Драгоманце и од каде токму тоа име?

Но, преку ноќта, мечката некако му избегала. Сопственикот, решил тука да се насели и се оженил со таа жена. Така од нив настанале повеќе фамилии што го славеле подоцна Свети Ѓорѓи.

Подоцна, тука околу Ресавци, надошле да се населат и некои фамилии од Рамно и други села. Притоа, некој Стојан од Вражогрмце, та имал многу овци и кози, 60 јарци, 16 кобили и 30 глави говеда… Но, фатила некоја страшна зима, немал грана за добитокот, па отишол во Широка планина и ги отерал јарците да брстат шума.

Кастрејќи, отсекол некое дрво, но несреќа го снашла и го пробола на грб. Јарците дошле вечерта дома, а него го немало. По трагот, селаните го нашле и го донеле дома, а прекорот му останал Кајстор (по повредата при крастрење), а целата фамилија Кајсторовци. Така ги викале сите.

Како настанало селото Малотино?

Но, за да ја сочуваат тајната за кочините, бидејќи за казна кај Турците никогаш не било доцна, селаните само меѓусебно местото го нарекувале Кочино, а пред Турците го именувале Кокино.

Loading...

Откако настанало селото, како такво и влегло во турските тефтери.

Извор: „Наш весник“ – 2 октомври 1970 година

За повеќе слични текстови кликнете ТУКА.

Leave a Reply