Како кумановец по изминати илјадници километри не успеа да стигне во својот град?

Сподели со своите пријатели

Редакцијата на Кумановски Муабети денеска ја контактираше Дејан Илиевски, по потекло од Куманово, кој и по изминати 3.100 километри не успеа да стигне во родниот град.

Loading...

Ни ја раскажа голготата низ која минал на граничниот премин меѓу Унгарија и Србија и неговиот револт, што наместо во родниот град, морал да се врати назад во Луксембург, бидејќи Унгарците решиле да не го пуштат откако му го виделе македонскиот пасош.

Во продолжение сведоштвото на Илиевски:

Тргнав на 17ти март кон Македонија од Луксембург. Во 20 часот влегов во Германија, ме пуштија транзит да поминам, стигнав сабајлето во 6 часот на 18ти март на австриско-унгарската граница Никелсдорф, бидејќи Унгарците работат.

Колона од камиони, Бугари, Романци, околу 50 километри. Ме пуштија едвај со лепенка за транзит низ Унгарија.

Никелсдорф, австриско-унгарска граница

Во 20 часот на 18ти март по исмејување за пасошот, границата е затворена од Србија, Македонци и никако не може да минат транзит низ Србија со македонски пасош, кој изгледа дека не вреди ништо. Морав да се свртам и единствен излез беше да се вратам таму каде што сум респектиран како човек, не како стока од својата т.н. држава во која не вреди ни документ пет пари.

Loading...

Синоќа на 19ти ситнгав во Луксембург, поточно дома, каде што човекот е човек.

Извозев 3.100 километри за 2,5 дена и дојдов дома. Иживувањето од страна на Унгарците, за кои откако патувам 15 години, откако е сменето името, пасошот може во канта. Никаде нема вистинска информација за тие Македонци кои живеат во странство, за патување, само измислици и на кого што му текнува пишува и објавува. Срамота, кога со пасошот не можам да стигнам до Куманово. Лажење, лажење и само лажење.

Никелсдорф, австриско-унгарска граница

Минав половина Европа, ниту Германците, ниту Австријците не ми правеа проблеми, Унгарците и Србите со лажење и иживување на народот, оставен на цедило.

Никола Ивановски

Leave a Reply