Како климатските промени веќе влијаат врз нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Во новиот извештај на експертите, климатските промени беа претставени како непосредна опасност за јавното здравје, па затоа научниците ги повикаа законодавците да преземат мерки и да ја запрат емисијата на стакленички гасови.

Loading...

Високите температури и загадувачите на животната средина веќе го загрозуваат здравјето на Американците, со фатални последици за илјадници постари мажи и жени, предупреди тимот на експерти во средата.

Нивниот извештај, објавен во списанието „Лансет“, ги повикува законодавците да престанат да испуштаат гасови што би ја загревале планетата во следните пет години, пишува „Њујорк тајмс“.

Климатските промени веќе се претставени како ризик за јавното здравје, а не како опасност со која ќе се соочат идните генерации.

 

 

Експертите посочуваат на непосредните опасности од екстремни горештини, шумски пожари и загадување на воздухот како аргументи за преминување во „зелена економија“ како начин за подобрување на јавното здравје.

Loading...

Пандемијата на коронавирусот, посочуваат авторите, служела како потсетник за итната потреба за зајакнување на здравствениот систем.

– Сеопфатната тема, што ја ставам на сметка на идната администрација, е дека здравјето е најважно. Климатските активности се рецепт за здравјето, рече д-р Рене Н. Салас, асистент на Медицинскиот факултет на Харвард.

Извештајот содржи и сет на препораки насочени кон претстојната администрација. За да се подобри здравјето на Американците, тие препорачуваат укинување на субвенциите за фосилни горива, инвестирање во опции за јавен превоз и намалување на употребата на азотни ѓубрива на фармите, кои се извор на загадување на воздухот и емисии на стакленички гасови што ја загреваат планетата.

 

 

– Ние мора да престанеме да инвестираме во она што е минато и што е штетно за здравјето – изјави д-р Салас.

Во последните 20 години, се наведува во извештајот, екстремната жештина е поврзана со 50 процентно зголемување на стапката на смртност кај луѓето постари од 65 години, со 296.000 смртни случаи во 2018 година.

Loading...

Повеќето од овие смртни случаи биле во Јапонија, Кина, Индија и некои делови на Европа.

Големата топлина исто така ја отежнува работата, особено на отворено. Само во 2019 година изгубени се 302 милијарди часа потенцијална продуктивност на трудот. Работниците во Индија и Индонезија се најпогодени.

Во последните 20 години имаше неколку дена кога ризикот од пожар беше голем. Пожарите станаа почести и поинтензивни, што значи поголем број денови во кои се вдишува чад од воздухот, се наведува во студијата.

 

 

Извештајот утврди дека климатските промени се погодни за ширење на заразни болести, а истражувањата упатуваат и на загрижувачки знаци во областа на безбедноста на храната.

– Следните пет години ќе бидат клучни – заклучија авторите на истражувањето.

Loading...

Leave a Reply