Како ќе изгледа луксузниот одмор во вселената?

Сподели со своите пријатели

Проектот на вселенска станица Фон Браун е само еден од низата хотели што наскоро би можеле да орбитираат, дозволувајќи им само на најбогатите да ги поминат годишните одмори наместо на Земјата, во нејзината орбита.

Loading...

Ова е проект на американската вселенска компанија Gateway Foundation, кој според Си-Ен-Ен би можел да го испрати својот хотел во орбитата за шест години, но нема да ги прими своите први гости до 2027 година.

Од овој аеродром среде пустина туристите ќе летаат во вселената (ВИДЕО)

Веќе е познато како ќе изгледа ентериерот на овој луксузен имот, кој на прво место укажува на оној од филмот „Elysium“ со Мет Дејмон во главната улога.

Овој лебдечки објект ќе биде изграден во форма на ротирачка станица која ќе носи 24 кабини, а планот е да се сместат до 100 гости неделно.

Поради својата форма, хотелот ќе може да симулира различни степени на гравитација, што ќе им овозможи на гостите да вршат дневни работи како на Земјата.

Зошто Земјата свети од вселената?

Како што е очигледно, хотелот нема да личи на футуристичка вселенска станица од многу филмови на научна фантастика, туку ќе го задржи својот класичен и отмен стил.

Loading...

Така, целиот простор ќе биде исполнет со природни материјали, со класични кревети во соби и лоби и ресторани во стилот на „boutique“ хотелите.

Покрај соби и лоби, во новиот објект ќе има и огромен број рекреативни соби и центри за забава каде посетителите ќе можат да доживеат активности што се практично невозможни на Земјата заради гравитацијата.

Вака НАСА го произведува најголемиот телескоп кој ќе биде испратен во вселената (ВИДЕО)

Во исто време, ова не е единствениот вселенски хотел што во моментов се гради. Во почетокот на 2019 година, американскиот стартап Orion Span објави преглед на својот луксузен вселенски хотел Aurora Station, кој е предвиден да се лансира во 2022 година.

Покрај тоа, Virgin Galactic и Елон Маск со својот проект SpaceX и шефот на Амазон, Џеф Безос со Blue Origin, се  во голема трка во вселенскиот туризам.

Leave a Reply