Како изгледале најпознатите обиди за атентат на Хитлер? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многупати во историјата биле правени обиди за атентат врз нацистичкиот лидер, меѓутоа најмногу детали се паметат во следните неколку обиди за убиство на Адолф Хитлер.

Loading...

Минхенска пивара (1921)

Првиот обид за убиството на Адолф Хитлер се случил 20 години пред Втората светска војна. Во ноември 1921 година, млад и се уште непознат радикал зборувал јавно во минхенската сала Хофбраухаус.

Заедно со членовите на штотуку формираната нацистичка партија меѓу гостите се наоѓале и неколку комунисти, социјалдемократи и други политички противници на Хитлер.

Говорот на Хитлер ги изнервирал присутните, а пиво и столчиња летале додека група непознати напаѓачи испукала неколку куршуми во насока кон говорницата. Хитлер останал неповреден, дури и продолжил со говорот во следните 20 минути, се додека полицијата не дошла во пиварата.


Хитлер за време на прославата на својот роденден (20.04.1937) стои меѓу Јозеф „Сепа“ Дирих, командант на СС Телесна гарда на Адолф Хитлер и рајхсфирер СС Хајнрих Химлер.
Фото: Wikipedia/Bundesarchiv, Bild 183-C05557 / CC-BY-SA 3.0

Сценариото на Морис Бавауд (1938)

Loading...

Кон крајот на 1938 година, швајцарскиот студент по теологија Морис Баувуд купил пиштол и започнал да го гони Хитлер низ Германија. Бавуд мислел дека идниот фирер е закана за католичката црква и инкарнација на Сатаната, па сметал дека неговата духовна должност е да го убие.

Добил шанса во ноември 1938 година, кога Хитлер со нацистите марширал низ Минхен за да ја прослави годишнината на Пивничкиот пуч. Бавуд зазел место на трибините и чекал Хитлер да се доближи. Имал пиштол во џебот, но пред да успее да го испука првиот куршум, нацистите ги кренале рацете и му го блокирале видното поле.

Бавуд незадоволно се откажал од својот внимателно смислен чекор, но подоцна бил приведен кога се обидувал со воз да отпатува во Германија. Кога Гестапо го пронашол пиштолот и мапите, тој признал дека се обидел да го убие Хитлер, па во мај 1941 година бил погубен.

Хитлер врши инспекција на новото вооружување при посета на една фабрика за оружје, поради прославата на неговиот роденден на 20. Април 1944 година.
Фото: Wikipedia/Bundesarchiv, Bild 146-2007-0122 / Heinrich Hoffmann / CC-BY-SA 3.0

Бомбата на Георг Елсер (1939)

Елсер бил комунист и опозиционер на режимот на Хитлер. Тој дознал дека фирерот ќе држи говор ви минехнаската пивара точно година дена по парадата на која веќе избегнал смрт. Елсер минал неколку месеци градејќи бомба со тајмер која требала да експлодира за време на говорот на Хитлер. Кога го завршил оружјето, се преселил во Минхен, каде секоја вечер го посетувал местото каде нацистичкиот лидер требало да одржи говор.

Елсер совршено ја испланирал својата замисла, но среќата не била на негова страна. Кога започнала Втората светска војна неколку месеци подоцна Хитлер го поместил својот говор за осум часа за да што побрзо се врати во Берлин.

Loading...

Тој говорот го завршил во 09:07 навечер, а веќе во 09:12 ја напуштил зградата. Осум минути подоцна, бомбата експлодирала при што кровната конструкција се урнала врз говорницата. Осум луѓе биле убиени, а многу повредени.

Од лево на десно: фински маршал Карл Густаф Емил Манхерхајм, Адолф Хитлер и финскиот претседател Ристо Рути.
Фото: Wikimedia Commons/sa-kuva.fi

Бомбата на Хенинг фон Тресков (1943)

Хитлер го посетил Смоленск во март 1943 година. Пред да влезе во авионот со својот екипаж, фон Тресков, разочаран германски војник, му пружил подарок на Хитлер – бренди и пластичен експлозив. Офицерот на Хитлер го прифатил подарокот кој требал да експлодира по 30 минути.

Фон Тресков и неговиот соучесник Фабијан вон Шлабендорф се надевале дека тоа ќе биде крај на нацистичката власт, но нивниот авион се зачадил неколку часа потоа, кога авионот на Хитлер најверојатно веќе слетал во Берлин.

Фон Тресков во паника го повикал персоналот на Хитлер и им кажал дека го замениле пакетот, а Шлабедорф веќе следниот ден дошол во седиштето на Хитлер и ја заменил бомбата со вистински боци бренди. По инспекцијата, откриле дека неисправен осигурач ја спречил експлозијата.

Самоубиствена мисија на Рудолф вон Герсдорф (1943)

Loading...

Само неколку недели по неуспехот на Фон Тресков, тој сос воите заговорници пронашол нов начин да го нападне Хитлер. Овој пат наместо убиство требало тоа да биде изложба на заробенички советски знамиња и оружје во Берлин, кои лидерите на тогашна Германија планирале да ги посетат.

Офицер по името Рудолф Герсдорф прифатил да биде тој кој ќе го пука, но бидејќи обезбедувањето било добро поставени, сфатиле дека единствен начин за извршувањето на убиството е Рудолф самиот да се разнесе во близина на Хитлер. При посетата на фирерот на излобата, Герсдорф се трудел да остане приближен до него.

Меѓутоа, не успеал да го наговори да остане подолго на изложбата, па Хитлер излетал на споредните врати по само неколку минути. Потенцијалниот бомбаш самоубиец отрчал до бањата, каде го разминирал експлозивот само неколку минути пред активацијата.

Јулски заговор (1944)

Набргу по инвазијата на сојузничките сили, група незадоволни германски официри планирала да го убие Хитлер во неговата канцеларија во Пруска. Во центарот на овој заговор бил Клаус вон Штауфенберг, енергичен полковлник кој изгубил око и рака при борба во Северна Африка. Тој планирал да подметне сокриена бомба, по што веднаш би барале мир со сојузниците.

Штауфенберг планирал да го спроведен својот план на 20 јули 1944 година кога со неколку други германски офицери бил повикан на конференција. Пристигнал носејќи торба полна со пластичен експлозив, а ја напуштил собата под изговор дека мора да телефонира.

Loading...

Неговата бомба експлодирала неколку минути подоцна, оставајќи ја конференциската сала во урнатини. Четворица присутни мажи загинале, а Хитлер успеал да мине со полесни повреди.

Штауфенберг и останатите заговорници биле погубени, како и стотици други дисиденти.

Од овој настан, Хитлер ретко се појавувал во јавноста се до самоубиството на 30 април 1945 година.

https://youtu.be/xlRW3yb8b08

Leave a Reply