Шокантно видео направено од Бразилец за време на силно невреме се појави на интернет.
Го погоди гром, а за да бидат работите уште побизарни, тој го сними овој момент со камерата на својот мобилен телефон.
Инцидентот се случил во Сера до Купим на околу четири километри од градот Миндури, јужно од Минас.
Хозе Омар де Оливеира, познат како Мазињо и неговиот пријател Клаудио Араухо шетале по ливадата и снимале, кога одеднаш ги зафатило огромно светло.
Зборувајќи за локалните медиуми, де Оливеира рече:
„Кога видов сонце и дожд од едната страна, решив да направам видео за да покажам колку е голем Бог и да ја покажам природата толку убава. Погледнете ја моќта што ја има природата. Благодарение на Бога, преживеавме. Почувствувавме тргање и паднавме на подот. Чакалот падна врз мене. Се запаливме“, вели човекот.
– Никогаш не бил забележан удар на гром во таа област, верувам дека го привлеков со сигнал на мојот мобилен телефон – рече тој.
https://youtu.be/oweawj-hqGA