Како изгледа роденденска забава од шест милиони долари? (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Гостите ги забавувале Питбул и Ник Џонас, за изгледаот на славеничката Маја Хенри се погрижил шминкерот Патрик Та кој работел за семејството Кардашија, а фотографиите ги направила Дона Њуман која работела за Мишел Обама, но тоа не е се…

Петнаесетгодишната тинејџерка Маја Хенри, добила роденденска забава од соништата, на која присуствувале 600 гости, а која чинела неверојатни шест милиони долари.

Се било организирано на плоштадот во Сан Антонио, кој за оваа прилика специјално бил декориран. Ентериерот бил украсен со ѕидови од рози, црешово дрво во полн цвет, фонатни, „гарден рум“ и балска сала со пеперутки кои виселе од плафонот.

Таткото на Маја, Томас Хенри и мајката Ацтека, за оваа прилика изнајмиле професионална агенција од Њујорк и тип од 150 планери за да што подобро ја органзиираат забавата на нивната мезимица.

Тоа беше неверојатна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Благодарна сум на сите кои присуствуваа, но и на моите неверојатни родители кои направија моите соништа да се остварат – вели таа.

Според тврдењата на оние кои биле на забавата, семејството на Маја на прославата дошле со девет „Ролс Ројс“ автомобили во придружба на полицијата.

Повеќе фотографии од забавата можете да видит тука.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.