Како изгледа мозокот на еден психопат и по што се разликува од останатите?

Сподели со своите пријатели

Пореметување на личноста видлива е веќе во детството, а започнува поизразено да се покажува во пубертетот. Психопатите одликуваат недостаток на емпатија, а тие исто така се мајстори на манипулацијата. Можат да бидат високофункционални во општеството и да копираат социјално прифатливо однесуввање кое за нив самите ништо не значи.

Loading...

Ова пореметување научниците го истражуваат многу години. Нова студија открива дека психопатијата е тесно поврзана со промените, односно абнормалностите на префронталниот кореткс на мозокот.

Утврдивме дека затворениците со најголем степен на психопатија имаат најголема количина на сива материја во префронталниот кортекс – дел од мозокот одговорен за самоконтрола и социјално прилагодување. Исто така видевме дека активноста измеѓу префронталниот кортекс и неговата суб-регија кај тие луѓе е многу поизразена. Се заедно истражувањето покажа дека мозоците на луѓето со психопатија имаат абнормални структури и функции на префронталниот кортекст. А, тие абнормалности можат да бидат тесно пврзани со дефицитот на самоконтрола и прифаќање на социјалните рпавила кај тие поединци – објаснуваат од истражувачкиот тим.

Овие сознанија би можеле да бидат од помош да се сфати како психопатите размислуваат и одлучуваат. Научниците се надеваат дека тоа би можело да допринесе во иднина да се спречат криминалците во извршување на злосторства. Ова истажување отовра врата за подлабоко проучување на психопатијата, за да се пронајде подобар начин за помош на психопатите и превенција од психопатско однесување.

Leave a Reply