Како изгледа мапата на Украина пред и по контраофанзивата?

Сподели со своите пријатели

Руските сили се повлекоа во неделата од позицијата на четири километри од руската граница, во северниот дел на регионот Харков, по успешен украински контранапад.

Loading...

Жителите на селото Козача Лопан, на 30 километри северно од метрополата Харков, го истакнаа украинското знаме, објавија медиумите.

Од почетокот на септември, според нивните сопствени тврдења, украинските сили зазеле повеќе од 3.000 квадратни километри како дел од контраофанзивата.

Вкупно, руските сили окупираа околу 125.000 квадратни километри во Украина, една петтина од територијата на земјата, вклучувајќи го и полуостровот Крим.

Украинските војници за пет дена повторно зазедоа повеќе територии отколку што руските сили зазедоа од април, според американските експерти.

Ослободена е огромна територија

„Ослободувањето на Изум би било најзначајното украинско воено достигнување од победата во битката за Киев во март“, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својата анализа на ситуацијата во неделата.

Тоа значи дека планираното напредување на Русија кон Донбас од север не успеа, заклучија експертите.

Со брзото напредување на украинската армија на североистокот на земјата, не успеаја сите руски сили да се повлечат, тврди Киев.

Loading...

Не е исклучено Украина да продолжи со нападите во наредните денови.

ISW објави кратко видео, прикажувајќи ја ситуацијата пред и по големата офанзива.

Првата карта ја прикажува состојбата на 31 август, втората вчера, 11 септември.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.