Како изгледа Црвената планета сосема одблизу? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роверот на НАСА „Кјуросити“ сними видео материјали од црвената карпа Вера која се наоѓа на Марс, а која ја нарекуваат Камен дворец.

Loading...

Според пишувањата на медиумите, истражувањето на црвената карпа би можело да и помогне на НАСА да ја состави приказната за нејзиното формирање. Абигејл Фриман, која работела на проектот, вели дека во текот на работата имало многу изненадувања.

– Заминуваме со поинаква перспектива на карпата за разлика од претходно. Роверот во внатрешните делови на карпата откри хематит – минерал богат со железо, кој често се создава во водата, рекла Фриман.

Според неа, тоа укажува дека со текот на времето подземните води поинаку делувале на одредени делови од карпата споредбено со други.

Роверот сега ќе истражува дел за кој се знае дека има минерални глини.

Ашен Васавада кој исто така работи на проектот рекол дека минералите на глина задржуваат и чуваат органски молекули.

– Тоа ја прави оваа област особено ветувачка, па веќе се испитува подрачјето за својата наредна буштина, рекла таа.

Leave a Reply