Како исчезнува мразот на Северниот пол? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дека глобалното затоплување е реално и дека влијае врз климата и временските услови, најдобро илустрира анимацијата на НАСА за топењето на арктичкиот мраз во последните триесетина години.

Вртоглаво спуштање 300 метри под мразот на Антарктикот (видео)

Loading...

Арктичкиот мраз во последните години не се намалува само површински, туку станува се потенок и „помлад“. Вообичаено било претходно одредена површина со мраз на Северниот пол да се топи по неколку години, но во последните десет години површината која ја покрива тавкиот „стар“ мраз скоро исчезнала.

 

 

На анимацијата на НАСА се гледа како мразот пулсира во текот на годишните времиња, ширејќи и здебелувајќи се во текот на зимските месеци и намалувајќи се и повлекувајќи во текот на летните месеци.

Илјадници пингвини угинаа од глад на Антарктикот

Криосферичниот научник доктор Волт Мејер од Вселенскиот центар „Godard“ на НАСА вели дека морскиот мраз претрпел фундаментални промени во текот на изминатите три децении, откако се прават сателитските снимки.


Leave a Reply