На луѓето, кои за жал, под различни околности останале слепи или глуби, не им е лесно да се снаоѓаат во секојдневниот живот и да уживаат во за нас останатите нормални работи.
Така на пример, следењето натпревар за нив станува скоро невозможен, но сепак добар дел од нив пронашле решение на проблемот.
Имено, во Бразил е организирано „гледање на натпревар“ за слепи, каде тие можеле да следат што се случува на теренот со помош на своите помошници.
Купил четири телевизори поради Русија, жена ќе го дужи својот сопруг
Loading...
Тие пред себе држале табла во форма на фудбалски терен, а нивните глуви помошници им ги наведувале рацете преку теренот во зависност од тоа како се померале играчите.
Така можеле на момент и самите да го искусат возбудението кое го тресе целиот свет од почетокот на Светското првенство во фудбал.
Благодарение на оваа акција, слепите лица од Бразила имаа можност да се радуваат на победата на својот тим и на неговото минување во понатамошниот тек од наптреварувањата.
https://www.facebook.com/RTvids/videos/2043723068971269/