Купил четири телевизори поради Русија, жена ќе го дужи својот сопруг

Сподели со своите пријатели

Жителка на Израел соопштила дека ќе го тужи сопругот кој купил четири телевизори за да го следи Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија од 14. јуни до 15. јули, пишува весникот „Марив“.

Како се наведува, 40-годишната жена е лута затоа што нејзиниот маж во домот донел четири телевизори за да ги следи натпреварите. Израелката е незадоволна и не сака нејзиниот дом да се претвори во бучен „машки клуб“.

Таа предложила на својот сопруг телевизорите да ги подарат на оние на кои им се потреби, но тој одбил. Изнела предлог дека привремено ќе се пресели кај родителите, а во случај да остане дома ќе го тужи мажот.

Жената расакажала дека нејзиниот сопруг дури се заканувал дека ќе и ја удри главата од телевизор, ако му забрани да го следи Светското првенство во фудбал кое ќе се игра во Русија.

Leave a Reply