Како да знаете дали е претопло за прошетката на вашиот миленик?

Сподели со своите пријатели

Високите температури се опасни за нас луѓето, така и за нашите миленици. Ако не сте сигурни дали е претопло за да шетаат со вас, овој краток тест би можел да ви помогне во одлуката.

Loading...

Застанете со боса нога на асфалтот или положете ја задната страна на раката пет секунди на земјата. Ако не можете да ја држите цели пет секунди, значи дека е претопло за нив.

Ако надвор има 25 степени, температурата на асфалтот е околу 50. Ако температурата на воздухот е 30 степени целзиусови, асфалтот достигнува високи 57 степени.

Прошетките на вашите миленици ограичете ги на два пати дневно и тоа рано наутро и доцна навечер кога температурите паѓаат. Секогаш носете им вода и избегнувајте со нив поголеми активности, затоа што иако навечер не се високи температурите, може да дојде до топлотен удар.

Знаците кои укаживаат е кога дланките се оштетиле, одбива на оди, лижење на дланките, рани, меури, црвенило.

Image by Greg Hristov from Pixabay

Leave a Reply