Како да ја користите аронијата во борба против инфекции и разни заболувања

Сподели со своите пријатели

Аронија е повеќегодишен листопаден овошен вид, со потекло од Северна Америка, расте во форма на грмушка што може да достигне висина од 1,5 до 2,5 m. Листовите се со темно зелена боја и цилиндрични по форма, цветовите се бели до светло розови, а плодовите се темно сини бобинки, заоблени или сплескани.

Loading...

Аронијата е многу здрава бобинка, најчесто се користи во сушена форма или како сок. Аронија е позната низ целиот свет, а се здоби со огромна популарност и се повеќе се одгледува токму за лековити цели.

Лековитиот ефект доаѓа од присуство на многу минерали и витамини. Аронијата е богата со витамини Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу редок витамин П. Содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Покрај тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Оваа здрава бобинка содржи голема концентрација на антиоксиданти во своите плодови. Затоа, тоа е корисна превенција од малигни заболувања, за ефикасно прочистување на телото од штетни материи, па дури и тешки метали.

Сите состојки кои аронијата ги создала да се заштити од инсекти, габи, бактерии и вируси, кои со еден збор се нарекуваат фитонциди или растителни антибиотици, човекот ги внеусва во организмот и има корист од придобивките од природата.

Аронијата помага во зајакнување на имунитетниот систем и е добра храна или лек за деца и спортисти. Го забавува процесот на стареење и има антисептичко дејство. Со овој состав, аронијата е храна и лек што го намалуваат ризикот од многу заболувања, како што се карцином на дебелото црево, неактивен црн дроб, кардиоваскуларни заболувања, хронично воспаление, гастро-проблеми. Можно е антиоксидансите да помогнат во лекувањето на сите хронични заболувања како што се карцином или срцеви заболувања.

Постојат многу начини да ги искористите придобивките од аронијата. Може да се користи за правење џем, сок, слатки, овошни салати или вино.

Бидејќи тие се богати со разни витамини и минерали, тие треба да бидат вклучени во дневната исхрана.

Loading...

Направете свој сируп од АРОНИЈА

Сè што ви треба е:

2 кг бобинки од аронија

800 гр шеќер

литар вода

1 свежо исцеден лимон.

Подготовка:

Ставете ги шеќерот и водата во една тава и ставете ги на оган додека не зоврие со постепено мешање. Кога водата ќе зоврие, додадете 2 кг свежи бобинки од аронија.

Loading...

Мешајте постојано додека смесата не почне да врие. Додека го мешате сирупот, притиснете ги бобинките за да ослободите што е можно повеќе сок. Откако ќе стигне до точката на вриење, треба да го оставите на ринглата уште неколку минути.

Потоа тргнете ја смесата од шпоретот и оставете да се излади.

Leave a Reply