Како благодарност кон бездомен воен ветеран: Шлаканици и смет истурен на глава (видео)

Сподели со своите пријатели

Потресен социјален експеримент е снимен деновиве во САД, кога група од три момчиња сакаат да го проверат однесувањето на луѓето кога едниот од нив преправен во бездомно момче ќе седне до воен ветеран кој истотака проси за парче леб за да видат кому попрво ќе помогнат случајните минувачи.

Loading...

UNILADs Viral Video Shows Security Guard Slap Homeless War Veteran image

Во еден момент, тоа што ќе прикажат камерите е како жена која работи во обезбедување ќе пријде до бездомниот ветеран, и наместо пари, ќе му удри шлаканица, велејќи му да оди и да бара работа. За кратко, друг случаен минувач, критикувајќи го дека тоа што е ветеран не е оправдување, ќе му истури храна на глава, за да бездомникот стане одеднаш за да купи храна за него и бездомното момче.

Низ солзи, воениот ветеран на САД раскажува како тој секој ден трпи разни омаловажувања од народот и дека тоа што останал без дом не е негова вина.