Кафето не му штети на вашето здравје, напротив му помага во некои ситуации

Сподели со своите пријатели

Кафето, кое долго време беше во центарот на споровите колку е штетно или корисно, најчесто е безопасно за здравјето и дури го има заштитниот ефект за различни болести.

Loading...

Ова се заклучоците на бројни истражувања, сумирани во февруари од комисија од независни експерти во САД, кои на секои пет години даваат препораки за здрава исхрана.

 

 

Така истражувањата покажуваат дека во повеќето случаи кафето не штети на здравјето на луѓето.

„Ги разгледавме сите студии и ништо не покажува дека кафето е штетно при умерена потрошувачка од 3 до 5 чаши дневно или максимум 500 мг кофеин, објаснува професор Миријам Нелсон, специјалист за исхрана на Универзитетот „Тафтс “во Бостон.

Во исто време е основа за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, Паркинсонова и дијабетес. Сѐ уште механизмот на дејствување не е целосно проучен, затоа некои научници, членови на оваа комисија, како проф. Том Брена од универзитетот „Корнел” во Њујорк, предупредуваат да не се претерува со благотворното влијание на кафето.

Loading...

 

 

Сепак, генерално заклучокот на комисијата е дека потрошувачката на 3-5 чашки кафе дневно нема штетни последици за здравјето на повеќето луѓе, туку дури има и заштитен ефект од некои болести.