Чеченскиот лидер и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, објави на Телеграм по руските напади утринава низ Украина.
„Зеленски се жали на нападот… А што мислеше ти, наивен Зеленски: ти можеш, а другите не можат? Со други зборови, осум години беше возможно да се бомбардираат цивили, да се уништи инфраструктурата на градовите во Луганск и Доњецк, да се гранатира нуклеарната централа, да се разнесат мостови, да се пука во важни објекти, но кога ќе ви дојде на глава, одеднаш е невозможно за некого?“, рече Кадиров додаде:
„Те предупредивме Зеленски дека Русија сè уште не ни започнала, затоа престанете да се жалите. Подобро бегај пред се да те стигне. Бегај Зеленски, бегај кон запад без да гледаш назад“.
На крајот Кадиров рече дека „сега е 100% задоволен од специјалната воена операција“, како што Русите ја нарекуваат нивната инвазија на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.