Кадиров: Чеченските специјалци префрлени во областа Бахмут

Сподели со своите пријатели

Чеченската единица за специјални сили „Ахмат“, со која командува заменик-командантот на Вториот армиски корпус Апти Алаудинов, е префрлена во регионот Бахмут, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Loading...

„Командата за специјални операции ја премести единицата на специјалните сили „Ахмат“ под команда на Апти Алаудинов во тешкото подрачје Бахмут. Оваа одлука зборува за довербата на Генералштабот и ја докажува високата борбена способност на единиците“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесе Тасс.

Руската паравоена формација „Вагнер“ го зазеде Бахмут на крајот на мај, по 10 месеци жестоки борби со украинските сили, а борците „Вагнер“ го напуштија градот во периодот од 25 мај до 1 јуни и ја предадоа контролата на руската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА