Каде завршува отпадот од океаните? Рибите кои го јадат подоцна завршуваат на нашите трпези

Сподели со своите пријатели

Огромна количина на пластичен отпад полека исчезнува од океанската површина, покажува новата студија. Сепак, за научниците сè уште е мистерија што се случува со отпадот.

Loading...

После обемната студија спроведена за влијанието на отпадот врз водните околини, научниците заклучиле дека огромни количини пластика всушност исчезнуваат од површината на океанот.

ПОДОБРИ ОД АСФАЛТ: Патишта од рециклирана пластика (ВИДЕО)

Тие претпоставуваат дека отпадот се распаѓа, и многу е веројатно тој да тоне длабоко во океанот, или можеби да го јадат риби, пишува Sciencemag.

– Длабочините на океанот се сè уште огромни и непознати за нас. За жал, пластика што завршува во океаните би можела во голема мерка да му наштети на природниот и мистериозен екосистем за нас – рече коавторот на студијата Андрес Косар, еколог на Универзитетот во Кадиз во Шпанија.

Поточно, денешното општество произведува се повеќе и повеќе од овој материјал, кој завршува во депонии, а планинските води и реки го носат до океанот. Вака е создаден и пацифичкиот остров на пластичен отпад кој достигна големината на Тексас.

Волонтерите олимпискиот факел ќе го носат во унофрми од рециклирана пластика (ФОТО)

Застрашувачки е фактот дека според извештајот од 1970 година, дури 45.000 тони пластика се внесувале во океанот секоја година, а од тогаш производството на пластика е зголемено.

Loading...

Косар и неговите колеги во својата студија се обидоа да го испитаат влијанието на отпадот и неговиот обем во океаните.

Во бродот „Маласпина“ го обиколија светот и собраа примероци од вода и ја мереа концентрацијата на пластика. Исто така, тие анализираа податоци од неколку други студии.

Се нурна на најдлабокото место каде човекот може да оди, а таму пронајде пластика (ВИДЕО)

Нивното откритие во прв момент им беше шокантно. Поточно, тие откриле дека и покрај драстичното зголемување на пластичните производи, денес има околу 35.000 тони пластика во океаните, а статистички треба да има неколку милиони тони. Или, поточно, 99% од отпадот го нема.

Исто така, откриле дека малите парчиња пластика, како оние со големина од околу пет милиметри, воопшто не биле пронајдени во океаните.

Според нив, можно е овие фрагменти да се распаднат во уште поситни парчиња невозможни да се пронајдат, а нивното влијание врз океанот е непознато.

Кит угина откако проголтал над 40 килограми пластика

Друга можност е овие фрагменти да потонуваат во длабочините на океанот.

Loading...

– Помали риби може да ги јадат овие парчиња пластика или да ги располжуваат на уште помали парчиња. Поголемите риби ги јадат помалите, а на крајот рибите доаѓаат на масата на луѓето, па затоа е многу важно да се испита како пластичните токсини влијаат на здравјето на животните – рече Косар.

Leave a Reply