15.05.2019 02:01

Се нурна на најдлабокото место каде човекот може да оди, а таму пронајде пластика (ВИДЕО)


Америакнски подводен истражувач, кој нурна на досега најдлабокото забележано место на кое човекот некогаш бил, се врати на површината со тажен артефакт – пластична ќеса.

Виктор Веското (53) се нурна на длабочина од 10.927 метри, на дното на „Челинџер дип“, јужниот крај на Маријанскиот ров во Пацифисчкиот океан, во рамките намисијата да ги мапира најдлабоките подводни места во светот. Тој повеќе пати патувал до дното на океанот, па така поставил и рекорд во најдлабоко соло нуркање во историјата. Претходниот рекорд од 2012 година го постави режисерот на „Титаник“ Џејмс Камерон.

loading...

Освен четири нови видови кои би можеле да понудат траги во проучување на потеклото на животот на Земјата, Весково забележал и пластична ќеса и пакувањеод бомбони на најдлабоката точка на планетата. Весково, финансиер со морнаричка позадина, изјавил дека со ова патување ги тестирал границите на човечките напори, но и научните откритија.

– МИслам дека одењето во екстреми е природна карактеристика на човекот. Тоа е чудесен дел од човековата природа кој не тера да се туркаме себе преку работ, што како вид не довело до тоа каде сме денес, рекол тој за CNN.

Маријанскиот ров е подлабок отколку што е висок Монт Еверест. Целта на мисијата била да се сними што е на дното на локацијата Челинџер дип, која први ја истражиле океанографите Дон Волш и Жак Пикар во 1960 година со својата подморница „Батискаф Трист“.

– Одев секаде по дното барајќи разни видови, потенцијално уникатни геолошки формации или карпи, човекчки објекти и секако, се обидов да откријам дали таму има подлабоко место од она на кое бил „Трист“, рекол Весково.

Тој на дното се движел во мини подморница наречена „Огрнаичувачки фактор“, а неговото патување е дел од одисејата во морските длабочини на светот која се снима за каналот Дискавери под името „Експедиција на пет длабочини“.

Целта на експедицијата е со сонар детално да се мапираат пет најдлабоки точки во нашите океани. Освен маријанскиот ров објавени се и експедиции на дното на Порториканската бразда во Атлантикот, Јужноседвичкиот ров исто така во Атлантикот и Сундска или Јаванска бразда во Индискиот океан.

Следува патување на дното на уште неистражената длабочина Молој во Арктичкиот океан, кое ќе биде извршено во август годинава.

фото: Јутјуб принтскрин

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments