Каде во Куманово да добиете билет за посетата на Папата Франциск?

Сподели со своите пријатели

Сите заинтересирани граѓани на Република Македонија ќе можат да присуствуваат на светата литургија која папата Франциск на 7ми мај ќе ја одржи на Плоштад Македонија, но претходно ќе мора да обезбедат билет.

Loading...

Билетите се бесплатни и се делат во католичките цркви низ државата. Во Куманово билет можете да набавите во Католичката црква „Св. Иван Крстител“ на улицата „Пионерска“ бр. 23.

Но, билетот не е единствена работа за која треба да се грижите тој ден. Постојат низа правила кои мора да ги почитувате, Скопје ќе биде блокирано од рано наутро, а сите кои ќе дојдат на мисата ќе минат ригорозни контроли.

Владата, направи и специјален сајт на кој се објавени сите детали и препораки.

1. Напоменуваме  дека би било добро автобусите и личните автомобили да бидат обележани со плакат или некаков знак за распознавање (препорачуваме тоа да биде официјалното лого за посетата). На влезовите во градот ќе има полиција која ќе ве насочува кон паркингот каде ќе ве дочекаат волонтери кои ако имате потреба ќе насочат кон плоштадот каде ќе се одржува Светата миса со папата Франциск. Освен на паркингот, личните автомобили ќе може да се паркираат и на местата кон кои ќе ве насочат полицајците.

2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај.

Loading...

3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот.

4. Во литургискиот простор на плоштадот „Македонија“ ќе може да влезат само пријавените учесници со приложени влезници кои предходно ги добиле при регистрацијата или од водачот на групата.

5. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.

Забрането е:

  • носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење и сл.);
  • предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
  • сите видови на алкохолни пијалоци и чадори;
  • транспаренти и големи знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат:

  • влезница и личен документ (свештени лица и верници):
  • лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
  • здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
  • вода, освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа;
  • препорачуваме мантил за дожд заради можна заштита од дожд.
  • Правила на однесување за време на светата Литургија
  • кога Светиот Отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе;
  • во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

Loading...
Доколку дозволат временските услови Папата Франциск во Скопје ќе се вози со својот Паопомобил

Препораки

  • присутните со себе да не носат поголема количина на пари или предмети со поголема вредност заради можните ограбувања или губења на истите;
  • следење на временската прогноза и носење на облека во согласност со времето и со правилата за облекување на литургиска прослава;
  • почитување на упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
  • доколку некој има потреба од здравствена помош, да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.

Ве замолуваме да внимавате на хигиената на просторот каде ќе се движите!

фото: Пиксабеј / инфо: Папа.мк


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *