Каде се наоѓал претходникот на денешниот град Куманово?

Сподели со своите пријатели

Ако се базира на одредени археолошки предмети, најдени низ години во близина на Куманвската бања во подножјето на ридот Краста, Куманово не била само средновековна населба, како што се сметало, туку има многу постара историја.

Loading...

Најдените археолошки предмети потекнуваат од железното време (Халштад) и иницираат дека пртходникот на денешниот град кој бил мала населба се наоѓал некаде во близина на Кумановската бања, покрај реката.

 

 

Тоа го потврдува и фактот дека главниот пат кој од Скопје водел покрај Пчиња и потоа Крива река минувал некаде покрај денешното село Доброшане, односно блиску до старата населба.

И во старо време патот по долината на Пчиња и Крива река водел по десната страна на реките. На некои места, кај селата Шупли камен и Клечовце, биле откриени делови од овој пат при обработувањето на некои задружни ниви. За правецот на патот имало доволно извори од средните векови, а особено од турско време.

Треста на римските патишта водела обично по рамните терени покрај реките при што биле одбегнувани големи реки, трапишта и стрмни терени.

Loading...

 

 

Од римската епоха во самиот град биле откриени неколку надгробни и епиграфски споменици. Едната од овие почи (најдена до црквата Свети Никола) била посветена на божеството на Јупитер во чест и почитување на императорот Каракала и е подигната во 216 година за времето на конзулите Сабину и Анулинус.

Не се знае од каде биле донесени споменатите споменици, но се смета дека местото на наодот не треба да се бара далеку од цркавата.

Најдените археолошки предмети и особено епиграфските споменици индицирале дека населбата која постоела во железното време ( VI – V век пред новата ера), го продолжила својот живот и во античкото време (римскиот период), но не се знае на кое место.

Плодородното кумановско и скопско поле биле разделени на аграрни имоти, што римската држава им ги доделувала на колонистите ветерани. Со развитокот на робовладетеслките односи и со отворањето на сите страни (во рамките на Римската империја) се забележува голем стопански развиток и кумановскиот крај станал подрачје со извонредно големо економско значење.

 

Loading...

 

По словенското населување на Македонија не се знае каде градот го продолжил својот живот и историја. Не е познато ниту старото име во претсловенската епоха.

Денешното име на Куманово има очигледно етимолошка врска и потекнува од племенското име на средновековниот народ Кумани. Тие, како и порано Печензите и Узите, се населиле во некои подрачја на Македонија, како Овче Поле, Пробиштип и Куманово во текот на XI – XII век.

За првпат Куманово се споменува во 1326 година како селска населба, а како градска во текот на XVII век.

По се изгледа дека меѓу XII – XV век Куманово било мала населба, не играла голема улога, па затоа не се споменува. Во црковните потиции и други документи од XI – XV век се споменуваа повеќе Скопје, Кратово и Овче Поле.

 

Loading...

 

Секако прераснувањето во град се поврзува со доаѓањето на Турците, односно во текот на XV – XVI век.

Текст на Апостол Керамитчиев од 1971 година

Извор „Наш весник“


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *