Kаде е реално заслужената поголема навивачка и финансиска поддршка за ЖРК Куманово?

Сподели со своите пријатели

Мотив за да ја напишам оваа колумна е да им се помогне на ракометарките и да се актуелизира и овој спорт во Куманово.

Проблемот е што не се дава доволна помош на нашите ракометарки, освен поддршка од трибините, на ракометарките верувам дека им фали и финансиска поддршка.  Но за да бидеме сигурни како стојат работите во ЖРК Куманово, успеав да извлечам кратка изјава од нашата најистакната ракометарка Викторија Пеовска.

Изјавата ви ја пренесувам во целост:

Пред да започне сезоната се припремаме два пати дневно, секој ден, а кога сезоната ќе започне тренинзите остануваат секојдневни, но по еден тренинг на ден со цел да не сме исцрпени за натпреварите. Тоа што му фали на клубот се финансии со кои би можеле да се здобиеме со подобри услови за тренирање и натпреварување. Клубот нема финансии да ни ги обезбеди потребните масажери и доктори, ако сакаме таков вид на третмани треба приватно да плаќаме. Скромните финансии едвај стигаат да се обезбеди и основната опрема. Во такви услови нормално нема простор ниту да се размислува за платите. Но ние сме оптимисти и се надеваме дека работите во иднина ќе бидат подобри – вели Пеовска.

Loading...

 

Од  изјавата можеме да заклучиме дека ракометарките  се припремаат исклучително и во пред сезоната и за време на сезоната.

Дознавме и што му недостига на клубот, а според напорите што ги даваат и трудот што го вложуваат сигурно е дека ги заслужуваат потребните услови за добрите постигнати резултати и се надеваме да не израдуваат со уште поголеми успеси.

Пеовска вели дека и мотивот кај членовите на ЖРК Куманово постепено се губи затоа што покажуваат успеси, а немаат финансиска поддршка ниту значителна навивачка, поради што се откажуваат голем дел талентирани спортисти и тоа влијае лошо општо врз спортот во Куманово.

Според мене треба да грми на трибините и кога некоја ракометарка ќе даде гол, треба и ракометарките да го почуствуваат тој андреналин кога играш пред преполна сала и јас сум сигурен дека ќе имаат уште подобри резултати од досега постигнатите. Публиката е дополнителниот играч кој секогаш помага на кошаркарите треба да им помогне и на нив, верувам дека и двете страни ќе бидат позадоволни, публиката со нивниот напредок ,а тие со поголемата подршка од публиката. Немојте да ме сфатите погрешно и да помислите дека имам нешто против кошаркарскиот тим на Куманово и дека тие не ја заслужуваат поддршка која ја добиваат. Само ќе ви направам кратка споредба помеѓу успесите на кошаркарите и ракометарките со цел да се види дека иста таква поддршка заслужуваат и ракометарките.

Претходната сезона кошаркарите го освоија второто место во Македонската лига, а ракометарките дојдоа до третата позиција на табелата, резултатот е малтене идентичен.

Да ја земеме во предвид и меѓународната сцена, кошаркарите се натпреваруваат во БИБЛ лигата која е балканска лига, а ракометарките се натпреваруваат во ЕHF Challenge купот во кој се натпреваруваат екипи од цела Европа а не само од балканот.

 Ракометарките се само на едно место подолу во Македонија од кошаркарите, додека надвор од Македонија се дури и поуспешни од нашите кошаркари, само што тоа не се доживува на тој начин затоа што популарноста на кошарката е поголема. Дополнително на значење дава фактот дека сите во екипата се од Куманово.

Баш затоа заслужуваат да им се помогне и со зголемување на популарноста на ракометот преку поголема и погласна публика во салата и најзначајно од се е финансиската помош. Што поголема тоа подобро. Општината на град Куманово треба да издвои повеќе финансии за ракометарките, вистинска помош, а не само колку да биде спомената дека им помогнала. Се надевам дека градоначалникот ќе се согласи со ова и ќе помогне. Тука се и спонзорите, пред се оние фирми кои се спонзори на кошаркарите, но и сите други кои се желни да допринесат за искачување повисоко на нашите ракометарки на европската сцена, помогнете им со вашите финансии, ако не повеќе заради три причини: затоа што сте во позиција да помогнете доколку сакате, девојките апсолутно ја заслужуваат вашата помош според досега прикажаното и последно ..затоа што ќе ви направат добра реклама не само во Македонија, туку и во Европа.

Доколку има заинтересирани спонзори и од други градови тоа сигурно дека ќе биде екстра помош и мотив.

Нивното име ќе ве претставува и вас, спонзорите.

Се надевам дека ќе ви се отворат очите на оние што се уште спиете и дека ќе ја воочите огромната вредност на ракометарките на ЖРК Куманово кои  го претставуваат нашиот град во најдобро светло.

Бидете благодарни и горди на нив.

Поздрав до следниот пат.

Искрено и со почит Никола Тодоровски !