Каде би завршиле ако во Куманово ископате тунел низ центарот на Земјата? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кога едно дете ќе дознае дека Земјата е тркалезна, му доаѓа на ум дека би било интересно да се ископа тунел што би го одвел низ центарот на Земјата кон спротивниот дел на планетата.

Loading...

Дали некогаш сте се запрашале што е спроти Македонија или во овој случај Куманово?

Со оваа идеја се занимавал од тим што создаде интересна алатка наречена Антипод мапа, преку која можете да видите која локација е антипод (точка дијаметрално спротивна од онаа на која стоите вие) на која било друга локација на земјата.

Ако започнете да копате тунел од Куманово или кој било дел на Македонија, веројатно нема да имате многу среќа, затоа што ќе завршивте во средина на Јужен Пацифик, илјадници километри подалеку од најблиското копно.

Loading...

Но, ние не сме единствените. Сите соседни земји би го сториле истото, а Австралијците би се нашле во сличен проблем.

Австралија, според antipodes.com, е најголемиот дел од копното чии антиподи се целосно во океанот.

Копајќи тунел од Шпанија, би завршиле во Нов Зеланд, од Чиле во Русија, Аргентина во Кина и Тајван во Парагвај.

Leave a Reply