Јужнокорејец се обидел да ја отвори вратата од авионот во лет. Бил позитивен на дрога

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Јужна Кореја објави дека 19-годишен Кореанец кој се обидел да ја отвори вратата од авионот на лет, бил позитивен на тестот за дрога.

Loading...

19-годишното момче веќе имало црвени очи на почетокот на летот од Себу, Филипини до Сеул, Јужна Кореја, изјавија претставници на Jeju Airlines.

По еден час почнал да се однесува чудно и бил преместен во првиот ред од авионот во близина на излезната врата каде што персоналот можел да го надгледува.

19-годишникот исто така се пожалил дека чувствува „притисок“ на градите, соопшти авиокомпанијата, а пренесе Си-Ен-Ен.

Младиот човек во еден момент ненадејно истрчал кон вратата за итни случаи и се обидел да ја отвори, но „екипажот веднаш го совладал и го врзал до крајот на летот“.

Кореецот не успеал да ја отвори вратата или да го оштети авионот на друг начин, па никој од 180-те патници не е повреден.

Момчето било предаден на полицијата на аеродромот Инчеон во Сеул во понеделникот во 7:30 часот по слетувањето на авионот.