Јужна Кореја планира да обезбеди хуманитарна помош во вредност од два милиони долари за Мјанмар за да ѝ помогне на земјата по земјотресот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата, пренесува Танјуг.
„Одлучивме да обезбедиме хуманитарна помош од два милиони долари преку меѓународна организација за да помогнеме во брзата реакција на штетите предизвикани од земјотресот во Мјанмар“, се вели во соопштението, пренесе Јонхап.
Министерството додаде дека ќе ја разгледа можноста за дополнителна помош, доколку е потребно, во зависност од ситуацијата.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени и последователен потрес со јачина од 6,4 степени ги погодија вчера Тајланд и Мјанмар, при што загинаа повеќе од 1.000 луѓе.