Јункер: Граничниот спор помеѓу Хрватска и Словенија влијае на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека граничниот спор помеѓу Хрватска и Словенија не е само биратерално прашање, туку дека влијае на цела ЕУ и дека тоа е многу поважно прашање од што многумина во Словенија и Хрватска мислат.

Како објаснува, Европската комисија не сака инциденти помеѓу две држави и истакнува дека понудата за посредување не е добро прифатена.

Нерешеното гранично прашање помеѓу Хрватска и Словенија влијае на перспективата на земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ, додава тој, а пренесува агенцијата „ХИНА“.

Словенечкиот претседател Борис Пахор рекол дека не е точен хрватскиот став за нерешениот граничен спор.

– Граничното прашање е решено со арбитражна пресуда. Тука станува збор за спроведување на спогодбата, која е дел од договорот за пристапување на Хрватска во ЕУ, рекол Пахор.