Јунитејд: Децата заразени со сида ќе имаат поевтин лек

Сподели со своите пријатели

Децата во земјите во развој, позитивни на ХИВ, ќе имаат пристап до лек кој е специјално приспособен за нив и е дури четири пати поевтин, соопшти денеска Јунитејд по повод Светскиот ден на ХИВ / СИДА.

Loading...

„Станува збор за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе биде дистрибуиран во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве“, се додава во соопштението на светската организација која е задолжена за набавка на лекови за сиромашните и се стреми за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија.

Цената на новата верзија на Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови „Виатрис“ и „Меклеодс“, ќе биде 120 долари годишно, наместо сегашните 480 американски долари, изјави Херве Верхусел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО). )

Околу 1,7 милиони деца во светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ / СИДА низ светот.

Во моментов, 26 милиони луѓе во светот се лекуваат од ХИВ.

Пандорка Арсовска-Гацова


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *