ЈП Водовод: Градските фонтани се исклучени поради баланс на притисок во високи зони

Сподели со своите пријатели

По обвинувањата на УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово за неработење на градските фонтани, а со тоа и денешното делење на вода за пиење согласно препораките на Владата за ублажување на топлотниот бран, со реакција се јави и ЈП Водовод, со што од нивна страна е даден коментар на состојбите со градските фонтани.

Loading...

Според директорот Горан Стојковски, водата на градските фонтани е исклучена со најава на топлотниот бран, со оглед дека потрошувачката на водата за пиење е драстично зголемена, а со тоа, намален е и притисокот на вода, посебно во високите градски зони.

– Во период на високи температури и зголемена потрошувачка на вода, приоритет на ЈП ”Водовод” e дистрибуција на вода до домаќинствата и правните лица. Поради тоа, фонтаните се привремено се исклучени, за да се создаде баланс на притисок во високите зони. Со самиот престанок на жештините, а со тоа и намалена потреба од вода, фонтаните ќе бидат повторно вклучени, вели Стојковски.

Делењето вода за пиење од страна на УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово е чекор за поздравување, вели Стојковски.

– Го поздравувам чекорот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, односно, не се сомневам дека партијата има уште средства да докупи нови количини на вода, ако се земе во предвид дека нивниот лидер може да си дозволи наочари за сонце кои на пазарот вредат 60 000 евра, додава директорот.

Од ЈП ”Водовод” воедно испраќаат апел, граѓаните да се однесуваат совесно во услови на зголемени потрошувачки на вода, и да престанат во своите дворови, чистата вода за пиење да ја трошат за миење автомобили и перење теписи.

Несовесното трошење на вода за пиење во услови кога во браните има намалено ниво на вода е акт кој подлежи на законски санкции, велат од ЈП Водовод.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.