Членови на УМС од Куманово делеа вода во екот на топлотниот бран

Сподели со своите пријатели

Унијата на Млади Сили на ВМРО- ДПМНЕ ОК Куманово, по препораките од соодветните инстутуции, денес низ градот делеше ладна вода на два пункта.

Loading...

10687138_502596773232163_6336002898891172066_n

Како што соопштија од УМС на Куманово, чекорот на делење вода е предвиден за да се ублажат последиците од топлотниот бран и да ги освежат граѓаните кои и покрај високите температури поради обврски мораат да излегуваат.

10696389_502596779898829_2371127089627705405_n

Младите членови во ова прилика нагласија дека делењето вода е поврзано и со фактот што фонтаните во центарот на градот не функционираат.

Акцијата е успешно прифатена кај граѓаните, велат од Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.