Јавните обвинители од ОЈО Куманово остануваат во тимот на Јанева

Сподели со своите пријатели

По неизвесниот избор на останатите седум обвинители од тимот на специјалната јавна обвинителка, вчера попладне, Советот на јавни обвинители сепак попушти и даде зелено светло за петмината од седумтте првично предложени јавни обвинители, со што се комплетираше тимот на Катица Јанева.

Loading...

Според плановите, избраните обвинители ќе положат свечена заклетва денес откако едногласно беа изгласани од Советот на јавни обвинители. Специјалната обвинителка во среда доставила ново барање, но наместо седум, овој пат побарала пет.

Од списокот отпаднаа обвинителите Дарко Јакимовски и Снежана Бундалевска, двајцата од Скопското обвинителство.

Советот вчера едногласно ги избра обвинителите: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, како и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал. Тие им се придружуват на седумтте обвинители избрани претходно: Бурим Рустеми (ОЈО Куманово), Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе (ОЈО Куманово), Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Јанева ги доби и просториите за работа сместени во поранешната Агенција за млади и спорт и веќе од понеделник е најавен и стартот на работата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.