Јавниот долг на Украина урива рекорди

Сподели со своите пријатели

Јавниот долг на Украина продолжи да расте и достигна нов рекорд од речиси 133 милијарди долари, што претставува зголемување од 4 милијарди долари за еден месец, соопшти украинското Министерство за финансии.

Loading...

Во исто време, надворешниот долг на Украина достигна 3,319 трилиони гривни (90,77 милијарди долари), што е 68,29 отсто од вкупниот јавен долг, а внатрешниот долг достигна 1,541 билиони гривни (42,15 милијарди долари), односно 31,71 отсто од вкупниот јавен долг.

Износот на јавниот и државно гарантираниот долг на Украина се зголеми во јули за 146,23 милијарди гривни, или 4 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.