Јапонски возач случајно го оштетил најстариот тоалет во земјата, од 15 век

Сподели со своите пријатели

Јапонец задолжен за зачувување на културното наследство случајно со својот автомобил го оштетил најстариот тоалет во земјата, кој се наоѓа во вековен будистички храм, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Во храмот Тофукуџи во регионот Кјото во западна Јапонија, има тоалети за кои се верува дека датираат од 15 век.

Тие тоалети се прогласени за важно културно богатство.

Оригиналната дрвена врата што води до тоалетот била оштетена бидејќи возачот, 30-годишен маж од Здружението за заштита на наследството од Кјото, случајно ја ставил ногата на педалот за гас, не сфаќајќи дека неговиот автомобил е подготвен да оди во рикверц, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Среќник на американската лотарија освои вртоглави 1,13 милијарди долари

Се додава дека ќе бидат потребни големи работи за обновување на оштетените врати.

Внатрешните ѕидови на тоалетите, исто така, претрпеле помали оштетувања, но самите тоалети останале недопрени, изјави неименуван претставник задолжен за зачувување на културното наследство на Кјото.

Овие тоалети некогаш биле користени од монасите како дел од нивната подвижничка обука, но повеќе не се користат денес.