Јапонија тројно го зголемила увозот на руски гас

Сподели со своите пријатели

Во август Јапонија го зголемила увозот на течен природен гас од Русија повеќе од три пати, се вели во документот објавен од Министерството за финансии на Јапонија.

Loading...

Обемот на испораките на гас минатиот месец во однос на август 2021 година е зголемен за 211,2 отсто, додека годишниот увоз на нафта, во истиот период, е намален за 20,3 отсто.

Во август увозот на јаглен од Русија е намален за 32,6 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот на руда е зголемен за 44,9 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По лавина на северот на Индија исчезнаа 21 планинар

Покрај тоа, Јапонија го зголемила увозот на зеленчук од Русија за 154 отсто, но го намалила увозот на жито и соја за околу 95 отсто, пренесува Спутник.

Вкупниот обем на извозот од Јапонија во Русија во август е намален за 24,3 отсто на годишно ниво и изнесува 384 милиони долари, додека увозот на руски производи во Јапонија за истиот период е зголемен за 67,4 отсто и изнесува 1,15 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведуваат нови санкции за Иран

На крајот на јуни, земјите од Г7, меѓу кои е и Јапонија, потврдија дека сакаат да ја намалат зависноста од руските извори на енергија, а во септември да ја ограничат цената на нафтата.

Планирано е ограничувањето на цената да започне на 5 декември 2022 година за нафтата и на 5 февруари 2023 година за нафтените деривати.

Москва предупреди дека земјите кои применуваат ценовни ограничувања ќе останат без нафта.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.