Јапонија денеска протера осум руски дипломати, наведувајќи го одговорот на руските акции во Украина, вклучително и убиството на цивили.
Меѓу осумте членови на дипломатската мисија има неколку трговски службеници, но не и амбасадорот Михаил Галузин, соопштија од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое не сакаше да даде повеќе детали.
„Русија се движи кон најголемата рецесија од распадот на СССР“
Овој потег не е толку вообичаен за Јапонија, но тоа се случи неколку пати за време на советската ера, велат официјалните лица.
По рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Јапонија ги засили санкциите кон Москва, кои се движат од забрана за пристап на руските банки до меѓународниот платен систем SWIFT до замрзнување на имотот на нејзината централна банка.
Токио ги замрзна и средствата на руските функционери, олигарси, банки и други институции, координирајќи ги своите потези со другите земји од Г7, а исто така го забрани извозот на висока технологија во Русија.
Зеленски: Ситуацијата во градот Бородјанка е многу полоша отколку во Буча
Јапонија воведе нови санкции кон Русија
Јапонските власти воведоа забрана за нови инвестиции во Русија поради ситуацијата во Украина и новата руска воена операција, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.
„Воведуваме забрана за нови инвестиции во Русија. Мерките ќе бидат усогласени во соработка со земјите од Г7“, рече тој, пренесе ТАС С.
Јапонските власти ќе воведат санкции и против 400 или повеќе руски државјани и 20 руски организации.
„Што се однесува до дополнителните мерки во врска со замрзнувањето на имотот, на списокот се додадени повеќе од 400 руски државјани, меѓу кои и различни заменици и луѓе поврзани со руската армија, како и 20 организации од воениот сектор“, додаде Кишида.
Јапонија планира постепено да го намалува увозот на јаглен од Русија, а потоа да го забрани, со што првично ќе се намали нејзината зависност од енергија од Руската Федерација.
„Ќе забраниме увоз на јаглен од Русија. Прво итно ќе обезбедиме алтернативи и постепено ќе го намалуваме увозот, ќе ја намалиме зависноста од Русија во енергетскиот сектор“, истакна премиерот на Јапонија.
Ќе бидат погодени руските банки, поточно Сбербанк и Алфа-банк, а нивните средства ќе бидат замрзнати.
По рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Јапонија воведе санкции кон Москва, кои се движат од забрана за пристап на руските банки до меѓународниот платен систем SWIFT, до замрзнување на средствата на нејзината централна банка.