Јапонија дозволува влез на деловни патници, странски студенти и академици, но генерално не прифаќа туристи, освен за ограничен број пробни аранжмани за патување.
Loading...
Јапонија ќе го удвои бројот на странски пристигнувања на 20.000 дневно од следниот месец, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно на денешната прес-конференција.
Мацуно рече дека патниците од повеќето земји, односно околу 80 отсто од странските патници, нема да мора да покажат докази за негативен тест за ковид, ниту ќе мора да одат во карантин по пристигнувањето, пренесе Ројтерс.