Јапонија најави пакет помош за Украина од дури 5,5 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Јапонската влада ќе ја зголеми финансиската поддршка за Украина во вредност од 5,5 милијарди долари пред 24 февруари, првата годишнина од руските напади.

Loading...

Јапонија, овогодинешниот претседател на Групата 7, им се придружи на западните сили во воведувањето санкции кон Москва од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.

Премиерот Фумио Кишида во обраќањето на симпозиумот во главниот град Токио рече дека ќе ѝ даде на Украина уште 5,5 милијарди долари финансиска помош.

Како што наведува агенцијата Кјодо, планирано е финансиската помош да биде искористена за реконструкција на украинската инфраструктура уништена во војната.

Јапонија веќе обезбеди 600 милиони долари финансиска поддршка за Украина, заедно со итна хуманитарна помош вредна стотици милиони долари, соопшти кабинетот на премиерот.

Кишида, исто така, најави дека во петок, една година по годишнината од инвазијата, ќе одржи видео-конференција на лидерите на Г7 со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува JapanTimes.

„Оваа година Јапонија, како претседател на Г7 и непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, ќе ја поддржи Украина во нејзината борба против руската агресија и ќе ги води напорите на светот за одржување на слободен и отворен меѓународен поредок заснован на владеењето на закон“, рече Кишида.

Лидерите на Г7 ќе се сретнат лично во мај во Хирошима.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.