Јапонија ја одбележа 78-годишнината од атомскиот напад на Нагасаки

Сподели со своите пријатели

Во средата Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје, пренесува Хина.

Loading...

Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба „храбро“ да ги отфрлат оние оружја за кои велат дека се наменети како нуклеарно одвраќање.

Ваква порака градоначалникот упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун.

Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силни ветрови, на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.

Разурнати градови

За прв пат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбената сала.

На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите во спомен на 9 август 1945 година, кога „дебелиот човек“, како што ја нарекоа атомската бомба, беше фрлен и експлодира над Нагасаки.

Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени.

Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима.

Loading...

Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.